Почитувани,
сакаме да Ве информираме за важна промена која се случува при регистрација на домен. Промена е воведена од страна на ICANN, управно тело за највисоко ниво на имиња на домени.
Од 1 јануари 2014 година, секој кој ќе регистрира, обновува или менува детали за контакт поврзано со името на доменот ќе добие дополнителна активациона е-порака (e-mail).
Од витално значење е да одговорите на оваа е-порака (e-mail), веднаш штом ќе можете.
Како јас да ја препознаам е-пораката (e-mail)?
Е-порака (e-mail) ќе има subject “IMMEDIATE VERIFICATION required for <yourdomain.com>”.
Што ќе побара е-порака (e-mail) од мене да направам?
Ќе ви побара да ја валидирате вашата адреса на е-пошта (e-mail address) во рок од 15 дена од моментот кога сте го добиле вашето прво известување. Најдобро е да се одговорите веднаш, но потсетници ќе Ви бидат испратени на 5, 10 и 13-от ден за да Ве потсетат ако се уште не сте го завршиле тоа. Ве молиме проверете ја вашата спам папка (spam folder) доколку овие пораки не пристигнат до вашиот inbox.
Што се случува ако не одговарам на е-пораката (e-mail)?
Ако не ги валидирате вашите детали во рок од 15 дена од денот на првичното известување, вашиот домен ќе биде суспендирани и секој веб-сајт или адреса на е-пошта кој го користи името на доменот ќе бидат недостапни. Вашиот домен може да се реактивира, но тоа би можело да потрае до 48 часа, па затоа е најдобро да не дозволите да дојде до оваа фаза.