Согласно правилникот од 25.11.2024 право да регистрираат име на домен во примарниот домен .mk имаат сите физички лица со живеалиште или престојувалиште во Република Северна Македонија и сите правни лица. Правните лица регистрирани надвор од територијата на Република Северна Македонија треба да бидат соодветно идентификувани преку националните регистри за правни лица од државата во која се регистрирани.