Промена на регистрант (сопственик на домен) за .mk и .мкд домените Принт

  • 0

Упатство за промена на регистрант (сопственик на домен) за .mk и .мкд домените

Формулар што треба да го пополни постоечкиот регистрант (сопственик на домен)

  1. Потребно е постоечкиот регистрант (сопственик на домен) да го пополни ФОРМУЛАР ЗА ДОМЕН (PDF формат) со неговите моментални податоци од регистарот. Моменталните податоци може да ги проверите на следната врска (линк) WHOIS MARNET со тоа што domen.com.mk ќе го замените со вашиот домен.

ПОЈАСНУВАЊЕ
Во формуларот каде што пишува  “бара да се изврши селектирајте го “Промена на регистрант на доменот”, а каде што пишува“Целосен назив на новиот регистрант” напишете го името или називот на новиот регистрант (сопственик на доменот).


Формулар што треба да го пополни новиот регистрант (идниот сопственик на домен)

  1. Потребно е новиот регистрант (сопственик на доменот) да го пополни комплетно формуларот ФОРМУЛАР ЗА ДОМЕН (PDF формат) како за нова регистрација.


Откако ќе ги пополните формуларите пратете ни ги скенирани на domentransfer@server.com.mk за да ги провериме и доколку се е во ред, да ви потврдиме дека може да се потпишат, печатираат и да ги испратите формуларите во оригинал по пошта на нашата адреса https://server.com.mk/contact-us/

Напомена:
Доколку регистрантот (сопственик на домен) е правно лице и поседува дигитален сертификат издаден Македонски Телеком или КИБС тогаш формуларот потпишан може да се прати наместо по пошта во оригинал, електронски на е-адрсата domentransfer@server.com.mk

Ве молиме формуларите пополнувајте ги дигитално на компјутер, формулари пополнети на рака не се прифаќаат. Или ако инсистирате, тогаш доколку се случат евентуални грешки при внес од наша страна, трошоците за корекција (регистрација на нов домен заради грешка) паѓаат на трошок на нарачателот.

Доколку имате било какво прашање контактирајте не.


Дали Ви помогна овој одговор?

« Назад